Здружението на Торбеши „Румелија“ бара признавање на Торбешите како посебна етничка заедница во Уставот на Република Македонија.

Ваквото барање кое во вид на заклучок беше донесено на вчера одржаното годишно собрание на здружението во Струга, во писмена форма ќе биде испратено до надлежните институции.

– Ќе бараме од Претседателот, Владата и Собранието ова прашање конечно да се реши и Торбешите да го добијат заслуженото место. Планираме ова прашање да го покренеме и пред меѓународниот фактор, односно ОБСЕ и Европската Унија, изјави Шериф Ајрединоски, претседател на здружението Румелија.

На годишното собрание на здружението се разгледуваа и реализираните активности во изминатата година, а беа разгледани и планираните активности за 2012 година.

OhridNews