Новиот германски првак Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на Шампиони ќе се сретне со фаворитот за трофејот екипата на Барселона. Овие два тима последен пат се сретнаа во 2009 година во четвртфиналето, тогаш понатаму помина Барселона, но Румениге потенцираше дека имаат далеку поквалитетен состав сега него тогаш.


– Барселона е репер во Европа за успешен клуб последниве неколку години. Ова нема да биде само полуфинале, него и дуели на шпанската и германската фудбалска лига. Во 2009 бевме елиминирани, но тогаш Барселона беше прејака, а ние немавме толку квалитетен состав како сега. Го играме првиот натпревар дома, што за мене секогаш преставувава предност –
истакна Румениге.

Барселона и Баерн Минхен во историјата на Лигата на Шампиони имаат по четири трофеи, еден од нив на Вембли ќе атакува на петтиот во Лигата на Шампиони.

Мх.П.