доколку некој за него понуди сума од 25 милиони фунти, пишува таблоидот
„The Sun“.
Јунајтед, пред само една година за Руни бараше двојно поголемо
обештетување. Напаѓачот со ’црвените ѓаволи’ има договор кој истекува за
две години, а клубот бил подготвен по завршувањето на сезоната да го
продаде за многу помала сума.
Руни, неочекувано беше изоставен од стартната постава на мечот од Лигата
на шампиони, на кој Манчестер Јунајтед загуби од Реал Мадрид со 1:2.
Како што наведува таблоидот, челниците на Јунајтед сметале дека веќе го
добиле најдоброто од Руни, кој пред девет години од Евертон пристигна за
сума од 30 милиони фунти и дека дошло времето за разделба.
Англискиот репрезентативец пред две ипол години бараше да си замине,
бидејќи како што изјави тогаш, клубот немал големи амбиции. По кусо
време тој се премисли и потпиша нов договор, но ги расипа односите со
менаџерот Алекс Фергусон, кој сега смета дека Дени Велбек е идеален
партнер во нападот за Робин ван Перси. Руни за Јунајтед има одиграно 271 натпревари и постигнато 140 погодоци.