Руската федерација го порамни долгот со Македонија во висина од 60.6 милиони долари, јави руската агенција „ТAСС“, пренесува „МИА“.

Овој долг поттекнува од времето на стопанската соработка помеѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ.

Единствена земја од поранешна Југославија со која се уште Русија го нема порамнето долгот е БиХ. Двете земји имаат потпишано договор за решавање на ова прашање.

OhridNews