Пред малку заврши првото полувреме од квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП во фудбал помеѓу Русија и Македонија. Русите водат со 1:0 со голот на Березовски уште во 5-та минута.

По фуриозниот почеток домаќините од прекин стигнаа до рано водство, но Македонија во продолжението имаше свои прилики за израмнување, а најзрелата во финишот на првото полувреме ја промаши Стојков.