Минамален пораз на Македонија во квалификацискиот натпревар против Русија во Москава со 1-0. Одлучувачкиот момент се случи во 41. минута кога Шемшов со погодок ја круниса акцијата која ја започна Аршавин.


Македонија може да жали за вториот пораз во овој циклус од “зборнајата“. Посебно што во 40 минута најдобриот македонски напаѓач Горан Пандев беше соборен во казнетиот простор, а свикрата на турскиот арбитар Илдирај не се огласи.

 

Ако во првиот дел бевме рамноправен противник, тогаш во вториот дел паднавме, а благодарение на одличните интервенции на Богатинов по ударите на Пављученко и Tорбински не се тресеше по втор пат нашата мрежа.


Последниот удар на мечот го имаше Попов но не успеа да го матира “несигурниот Малафеев.


Шансата за прва победа на македонската клупа, новиот селектор Џон Тошак ќе има во вторник кога Македонија ја пречекува Андора

М.П.