Репрезентацијата на Русија со убедлива победа од 91-56 над Кореа, ги стартуваше мечевите од предолимпискиот турнир во Каракас, Венецуела.

Русија е во Ц групата од која ќе дојде противникот на нашата Д група во четвртфиналето.

Распоред на натпревари

Група А
02.07 Грција – Јордан
03.07 Порторико – Јордан
04.07 Грција – Порторико

Група Б
02.07 Нигерија – Венецуела
03.07 Венецуела – Литванија
04.07 Литванија – Нигерија

Група Ц
Русија – Кореа 91-56
03.07 Кореа – Доминиканска Република
04.07 Доминиканска Република – Кореа

Група Д
02.07 Македонија – Ангола
03.07 Македонија – Нов Зеланд
04.07 Нов Зеланд – Ангола

Првопласираните два тима во групата обезбедуваат пласман во четвртфиналето.

Распоред во четвртфиналето (6 јули)

А1 – Б2

Б1 – А2

Ц1 – Д2

Д1 – Ц2

Во полуфиналето ќе играат
победникот од мечот A1/Б2 – Ц1/Д2, додека во другото полуфинале ќе
играат победниците од мечевите Б1/A2 – Д1/Ц2. 

Победниците во полуфиналните мечеви
ќе се квалификуваат за Олимписките игри. Поразените ќе одиграат уште
еден меч кој ќе го одлучи последниот патник.