
„Акцент беше ставен на нискиот даночен пакет и можноста за неоданочување на добивката доколку не се распредели како дивиденда, на намалениот данок на додадена вредност за туристички услуги од 18% на 5%, субвенции за туристичките оператори кои носат туристи во нашата земја и на мерката за откуп на земјиште по почетна цена од 1 евро за метар квадратен доколку се градат туристички капацитети и хотели”, се вели во соопштението на владината прес служба.
Како што информираат од Владата руската страна изразила сериозен интерес за продлабочување на соработката.
Делегација на македонската влада предводена од премиерот Груевски деновиве претстојува во Русија каде се презентираат економските можностите на државата.











