УЕФА и ФИФА ги суспендираа руските клубови и репрезентацијата од сите меѓународни натпревари додека трае војната во Украина.
Единствениот претставник на Русија во Европа лигата, Спартак Москва, е исклучен од натпреварувањето. Москобскиот тим изрази разочараност од ваквата одлука, посочувајќи дека и во најтешките моменти фудбалот треба да гради мостови, а не да раздвојува.
Руската фудбалска федерација, пак, најави дека ќе поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Раководството на кошаркарската Евролига ги суспендираше руските клубови од учество на турнири под покровителство на организацијата.
Во соопштението на Евролига се вели и дека во случај на „неповолен развој на ситуацијата“, резултатите од сите натпревари во кои учествуваат руски тимови ќе бидат поништени.

Во поредокот од регуларниот дел од Евролигата, Барселона е на чело со 20 победи на 25 натпревари, второто место го зазема Реал Мадрид (20 победи во 26 натпревари), трето – Милано (17 од 25). Зенит е петти (14 од 23), ЦСКА е шеста (14 од 24), УНИКС е осми (13 од 25).

OhridNews











