Рикардо Са Питно е нов тренер на Црвена Ѕвезда. Португалскиот стратег на клупата од “црвено белите“ доаѓа на местото од Александар Јанковиќ, кој по поразот од Раднички Ниш заработи отказ од Управниот одбор.

41-годишниот Са Пинто во тренерската кариера има водено два тима Леирија и Спортинг Лисабон. Управниот одбор на “црвено белите“ се реши за ваков потег откако за кратко време променаа многу тренери безуспешно.

На 11 рунди до крајот на српскиот шампионат лидер е Партизан со 49 бодови додека Ѕвезда е второпласирана со 38 бодови.

Мх.П.