Федералната влада на Соединетите американски држави подготви долгорочен план за борба со пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19. Тој предвидува дека САД би можеле да се соочат со голема криза, како и рестриктивни мерки за справување со неа. Во планот изготвен на 100 страници се предупредува дека кризата со коронавирусот би можела да трае до 18 месеци, дури и подолго, пренесуваат американските медиуми.

Планот предвидува мобилизација на повеќе федерални агенции, а на претседателот Трамп му сугерира донесување на посебен одбрамбен акт, за прв пат прогасен во 1950 година, што тој и го направи вчера. Планот и дозволува на владата да го контролира приватниот сектор за време на справувањето со пандемијата. Овој акт му дава на претседателот авторитет да ја прилагоди домашната индустрија, со цел да може да произведе материјали и добра потребни во криза.

Од почетокот на пандемијата,  болниците максимално ги користат своите ресурси, како што се вентилатори, респиратори и заштитна опрема за здравствените работници.

Законот исто така му дозволува на претседателот да ги примора бизнисите да прифаќаат и приоритетизираат договори за потребните материјали и услуги. Исто така, тој има право да овозможи стимуланси за домашната индустрија да го прошири своето производство и да снабдува со критични материјали и добра.

Друга клучна државна одлука која доаѓа во предвид за претседателот вклучува дистрибуција на медицински материјали и медицинска опрема од „Стратешките Национални Резерви“, помагајќи им на државите да ги задоволат потребите и да ги дистрибуираат неопходните ресурси до областите каде што се најпотребни.

Пандемијата на корона вирусот се прошири во сите 50 држави на САД, со што вкупниот број на заразени се искачи на 7038, додека 97 луѓе починале.

OhridNews