Одржување на саем за риби и рибарство кон средината на идната година во Струга било иницирано на денешната средба на градоначалникот Рамиз Мерко со претставници на маркетинг агенцијата „Еуростеп“.
Планирано е учество на риболовни здруженија од Западен балкан, кои ќе ги претстават своите производи, дејности и активности. Во рамките на саемските денови предвидено е и одржување на меѓународен бизнис форум, на кој ќе се презентираат капацитетите, условите и предностите за привлекување инвеститори, како и развивање на туризмот преку цела година, информираат од Општина Струга.
Додаваат дека со ова ќе се овозможи соработка на локалните со меѓународни компании.
OhridNews












