Во петок, 29 мај, ќе се одржи настанот „Chill & Connect“ – Саем за волонтерски можности во Охрид во организација на Младински Центар Охрид во соработка со локални партнери и организации.
Настанот ќе се одржи на плоштад Христо Узунов (до Pako House) во Охрид, во периодот од 11:00 до 15:00 часот.
„Chill & Connect“ претставува третото издание на Саемот за волонтерски можности, кој оваа година се реализира во поопуштен и современ формат, со цел да ги поврзе младите и граѓаните со локалните организации, фестивали и иницијативи кои нудат можности за волонтирање во текот на летниот период во Охрид.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со околу 10тина организации и фестивали, да добијат информации за волонтерски ангажмани, да учествуваат во интерактивни активности, и директно да се пријават како волонтери на лице место; велат организаторите.
Настанот ќе вклучува и DJ сетови, музика и неформална атмосфера, како и придружна гастрономска понуда и освежување, со цел создавање на отворен и пријателски простор за младите.
На 15092026 во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридско Езеро, пронајд...
Ракометарите на Охрид во рамки на 3-то коло на Супер лигата во сабота гостуваат кај екипата на Бутел Играме против Бутел, млада и перспективна екипа која сигурно ќе влезе мотивирано и со многу енер...
Во периодот од јануари до август 2026 година е забележано намалување на повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година Бројот на убиства е намален од 19 на 12, од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.