Саемот за образование и кариера, во организација на Младински Центар Охрид ќе се одржи во четврток, 25 април, во Касарна Охрид со почеток во 12:00 часот.

На овој Саем ќе присуствуваат и ќе ги презентираат нивните програми и можности за учење 5 средни училишта и 11 високообразовни институции. Дополнително предвидено е да има кариерно советување од страна на лиценцирани кариерни советници, информираат од Младински Центар Охрид.

Саемот ќе започне од 12:00 часот и истиот официјално ќе биде отворен од градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а обраќање ќе има и раководителот на МЦО, Јован Цветкоски.

OhridNews