Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски и неговата екипа Црвена Ѕвезда триумфираа во Купот на Србија победувајќи го Партизан 78-69.

Продолжението од финалето се одигра денеска пред празни трибини откако синоќа беше прекинато поради тепачката на двете навивачки групи.

Трофејот од Купот е прв пехар за Самарџиски откако ја засили екипата од литванскиот Литвос Ритас.

Мх.П.