Центарот на македонската репрезентација, Предраг Самарџиски, кој го поради брзите фаули не беше во можност да го даде вообиачаениот имапкт во малото финале одигра само 14 минути, постигнувајќи само 6 поени, смета дека оваа приказна немаше “хепиенд“ но мора да бидеме горди на се што направиме во Литванија.


„Тоа е крај на бајката која ја живеевме овие денови во Литванија. За жал, не се случи, не заврши со ’хепиенд’. Но, мораме да бидеме горди на сето ова што го направивме тука на ЕП. Докажавме дека со право сме во ова високо друштво. Денеска веројатно одучи оној офанзивен скок на Русија, примивме доста кошеви од втор обид. Оваа приказна завршува тука, но за две години почнува некоја нова. Се надевааме и веруваме дека таму ќе го направиме тој чекор или два – потенцираше Самарџиски.