Македонскиот центар, Предраг Самарџиски кој од оваа сезона ќе настапува за литванскиот прволигаш Литвос Ритас, присуствуваше на церемонијалното претставување на тимот.


Пред бројна публика во главниот град Вилнус и во присуство на голем број познати лица од литванската кошаркарска историја, Литвос Ритас организираше голем спектакл во кој ги претстави играчите и стручниот штаб.


Меѓу другите, тука беше и Предраг Самарџиски, на кого литванскиот аудиториум уште добро се сеќава по победата на Македонија против Литванија на Евробаскетот. Самарџиски, заедно со другите играчи, беше поздравен со големи аплаузи и овации.

Ohridnews