И по два дена од почетокот на имплементацијата на ХАСАП системот задолжителен за сите индустриски капацитети, трговски и угостителски објекти кои имаат допирни точки со храната, сепак, европските стандарди во Охрид се делумно испочитувани.

На субјектите кои се вклучени во производството, трговијата и транспортот на храна им е даден преоден период за адаптација и целосно спроведување на ХАСАП стандардите, најдоцна до мај годинава.Дирекцијата за храна засега не презема санкции, но е на терен и им укажува на субјектите за недостатоците. По 1 Мај, ќе се изрекуваат казни согласно Законот за безбедност на храната.
Максималната казна за правниот субјект е 5.000 евра, а за одговорните лица во правниот субјект е 3.000 евра. Исто така, ќе се изрекува забрана за вршење дејност, а ќе се затвораат и објектите каде што храната не е соодветно обезбедена.
Досега само 5 проценти од фирмите и трговците ги вовеле ХАССАП принципите.Во министерството за здравство велат дека нема да ги признаваат лиценците од приватни консутантски компании и додаваат оти единствено, министерството ќе ги врши обуките и ќе ги издава лиценците.
Македонија ги презема европските нормативи за да им обезбеди поквалитетна храна на граѓаните, а со тоа и да ја подобри здравствената состојба. Труењата со храна претставуваат посебна група заболувања чии предизвикувачи се инфективни микроорганизми, кои во погодни услови се размножуваат во храната или во неа излачуваат токсини.
А.Ристоска












