Во четврток, 16 јули, во Култ Културен Центар со почеток во 20:30 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Начини на гледање” на бразилската уметница Вирна Тејшеира, која живее и работи во Лондон.

Изложбата се состои од дигитални цртежи и колажи, а го носи својот наслов од влијателната книга на Џон Бергер од 1972 година, која го промени начинот на кој гледаме и ја толкуваме уметноста. Во денешното дигитално време, обликувано од вештачката интелигенција и новите технологии, делата на Тејшеира ги истражуваат прашањата за уметничката вредност и сугерираат дека креативноста не лежи во самиот медиум, туку во визијата и изразот на уметникот, информираат од Култ Културен Центар.

Ова е третата изложба во рамките на Летната уметничка резиденција 2026, курирана во соработка со Krug Community Spaces.

OhridNews