Сампдорија го совлада Варесе со 3-2 во првиот меч од баражот за влез во Серија А. “Блучеркати“ имаа предност во текот на целиот меч, која гостите успеаваа да ја неутрализираат. Херој за тимот од Џенова беше Даниеле Гастаделo кој ја отвори серијата и ја затвори со голот во 81 минута.

Реванш мечот се игра в сабота на теренот на Варесе.