КОСТАЛ Македонија на 21 мај одбележува 10 години успешна работа, на свеченоста ќе присуствуваaт високи гости меѓу кои и Андреас Костал, претседател на Управниот одбор на Групацијата КОСТАЛ и премиерот Христијан Мицкоски.
Во пресрет на големиот јубилеј, 10 години успешна работа на Костал Македонија, едно од најпрепознатливите обележја на Охрид, Самуиловите тврдини засветија во боите на компанијата, испраќајќи моќна порака за партнерството меѓу современата индустрија и градот со богата историја.
Осветлените тврдини, заедно со билбордите поставени низ градот со роденденското лого на компанијата, создадоа впечатлива атмосфера во пресрет на свеченоста што ќе се одржи на 21 мај во кругот на фабриката во ТИРЗ Охрид.
Германскиот инвеститор, кој произведува високо софистицирана опрема за автомобилската индустрија, во изминатата деценија се етаблираше како еден од најзначајните економски двигатели во регионот и државата. Според податоците на Централниот регистар, компанијата КОСТАЛ Македонија во 2025 година остварила најголема добивка во Охрид од 7,6 милиони евра, што дополнително ја потврдува нејзината лидерска позиција и значењето за локалната економија.
Јубилејната свеченост ќе започне со прием на гости и официјални обраќања на претставници на менаџментот на КОСТАЛ Групацијата, амбасадорката на Германија Петра Дрекслер, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Според агендата, свои обраќања ќе имаат Виктор Мизо – генерален директор на КОСТАЛ Македонија, Андреас Костал – претседател на Управниот одбор на КОСТАЛ Групацијата, како и повеќе високи гости од бизнис и политичкиот живот.
Г.М.
















