Деновиве се врши санација на потпорниот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“, информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, на фејсбук профилот.

Во комуникација со жителите од Стар град, овој потпорен ѕид беше означен како приоритетен за санација. После завршување на санацијата на потпорниот ѕид се надминува опасноста од негово паѓање и појавување на свлечиште, стои во објавата.

Изведувач на градежните зафати е „Бокоп“.

OhridNews