Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека дефектот на водоводната линија кој настана во тек на вчерашниот ден под Самоиловата Тврдина, е саниран од страна на екипи на претпријатието кои работеле во исклучително тешки услови и непристапен терен, до 01.00 часот по полноќ.

Утринава, на истиот потисен цевовод ф160мм кој оди од пумпна станица Дрвара до резервоар Кале, се санираат и други новонастанати дефекти. Истите ќе бидат санирани во текот на работниот ден, велат од претпријатието.

OhridNews