Санирани оштетувањата на кружните текови, а поставено е и ново лед осветлување.
Деновиве се изврши санација на кружните текови низ градот кои од сообраќајните незгоди беа оштетени. Покрај санирањето, дополнително е поставено ново лед осветлување на истите, велат од Општина Охрид.
Додаваат дека со ова се очекува да се зголеми видливоста на кружните текови, како не би дошло до сообраќајни незгоди.
OhridNews














