Во текот на вчерашниот ден (26.11.2021 година),  на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници затекнале и санкционирале 17 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место на целото подрачје на СВР Охрид кои се движеле со брзина поголема од дозволената. Двајца возачи биле санкционирани во Охрид, седум во Струга, пет во  Кичево и тројца во  Дебар.
Санкционирани се 12 возачи на моторни возила на подрачјето на СВР Охрид поради извршено престигнување на непрегледни и на места каде престигнувањето е забрането, од кои 11 во  Охрид и еден во  Дебар,  а во Струга, со специјално возило „пајак“, подигнати се четири моторни возила кои биле непрописно оставени или паркирани на коловоз, информираат од СВР Охрид.

 

OhridNews