Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го одбележа дуелот Јувентус – Парма постигнувајќи двата голови за домаќинот во победата од 2-1. Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари имаше само пофални зборови за Роналдо, кој повторно се покажа како човек на одлука.

  • Во своите редови имаме вистински шампион кој може некогаш да ни направи проблем, но има решение за 100 други проблеми. Остатокот од тимот се прилагодува на неговата игра. – изјави Сари.

Јувентус со трите освоени бодови од средбата со Парма направи предност од четири поени во однос на Интер кој ремизираше против Лече, а шест повеќе има од Лацио кој пак има натпревар помалку.

  • Имаме два јаки ривали. Лацио е во добар залет, додека Интер секогаш е опасност. Не се плашам од ништо во фудбалот. Не сум ниту загрижен. – заврши Сари.

Следната рунда во Серија А, Јувентус гостува кај Наполи, додека Лацио ќе се судри со Рома во градската пресметка.

OhridNews

Роналдо ја среди Парма, „старата дама“ му побегна на Интер (видео)