Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, излегува од затворот во Шуто Оризари и оди во куќен притвор. Апелациониот суд Скопје ја уважи неговата жалба по предметот „Титаник 2“.

Од затвор излегува и Бедредин Ибраими и оди во домашен притвор, а на Анета Стефановска ѝ е определена мерка претпазливост. Жалбите на Сашо Срцев и Влатко Сајковски судот ги одби како неосновани.

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, за случајот „Титаник 2“ беше осуден на 3 години затвор бидејќи побарал и издејствувал поништување регуларни резултати на три гласачки места за време на изборите во 2013 година. Судот го прогласи виновен за примање награда за противзаконито влијание.

Највисока казна, четири и пол години затвор, доби тогашниот член на ДИК од партијата ДПА, Бедредин Ибраими. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби три години и два месеца затворска казна.