СДСМ, денеска упати апел за итна разврска на кризата со Косово што, како според најголемата опозциска партија, силно удри по македонското стопанство.

-Бараме од косовската Влада итно да го повлече ембаргото за македонски производи. Бараме, премиерот Никола Груевски веднаш да ја укине одлуката за дополнителни давачки за граѓаните на Косово. Од кризата, македонските стопанственици губат по најмалку половина милион евра дневно. Најмногу страдаат земјоделците и превозниците. – стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму упатија и прашања до премиерот кој има полза од трговската криза со Косово и зошто не се обиде да преговара за увозот на брашното со косовската Влада, како и дали знае дека во време на ембарго се случува најголемиот шверц на цигари, алкохол, огревно дрво?

OhridNews