На средбата на поранешниот Премиер, Никола Груевски со граѓаните на село Горенци, минатото лето, на 24.07.2016 година, на барање на жителите за надминување на проблемот со водоснабдувањето, односно рестрикциите на доток за вода за пиење во летните месеци, Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски изјави дека порачана е нова пумпа, со што ќе биде решен проблемот, велат од СДСМ Дебрца.

– При вградувањето на пумпата, за која средствата беа обезбедени од кредитот на Владата на РМ од Европската Банка,  Трајкоски уште еднаш се пофали дека со реализирањето на оваа инвестиција, за населението и деловните субјекти кои со вода за пиење се снабдуваат преку пумпната станица “Св.Еразмо” ќе се обезбеди трајно решавање на долгогодишните проблеми и ќе се овозможи подобро и поквалитетно водоснабдување. Дека и овојпат се работеше за празно предизборно ветување зборуваат целодневните рестрикции на вода за пиење, што  деновиве ЈП “Дебрца” ги воведе за селата Горенци, Оровник и Подмолје, велат од СДСМ.

Од таму посочуваат дека со ист проблем деновиве се соочуваат и жителите на село Издеглавје, кои поради дефект на пумпата повеќе денови биле без вода за пиење и дека нема интервенција од страна на надлежните.

– Во контекст на подобрување на водоснабдувањето, до Трајкоски го поставуваме  прашањето и бараме јавно да одговори -што се случи со Проектот за зафаќање на дополнителни количини на вода за пиење од новиот извор во село Требеништа, за кој според податоците објавени на ЕСЈН на Бирото за јавни набавки  потрошенисе вкупно 2.018.836 денари, од кои за Хидро-геолошка техничка документација 823.356 денари, а за изградбата на пумпната станица 1.195.480 денари. Поминаа две години, а бенефитот од истиот го нема. Или се работи за уште една промашена инвестиција, што е константа во работата на актуелната локална власт во Дебрца, велат од СДСМ Дебрца.