
Оттаму тврдат дека за прехранбени продукти и пијалоци општината потрошила 214.778,00 денари, за репрезентација биле потрошени 321.687 денари, за патни и дневни трошоци потрошени се 270.070 денари, списанија и весници 160.370 денари, за службени телефони 503.149 денари, за правни услуги 197.320 денари, додавајќи дека при тоа општината немала добиено ниту еден судски спор.
– За гориво за службените возила потрошени се 420.114, што е разбирливо ако се има во предвид крајно нерационалното користење на службените возила, често пати и по завршувањето на работното време за превоз на градоначалникот и одредени општински службеници до дома и за партиски потреби. Само за овие илустрирани непродуктивни расходи потрошени се 2.087.488 денари или околу 34.000 евра, велат од СДСМ Дебрца.
Додаваат дека по смената на актуелната локална власт, ќе се безбеди подобро управување со општинските надлежности и одговорно и домаќинско управување со општинските ресурси.
OhridNews











