Народот е секогаш во право дури и кога греши, изјави лидерот на СДСМ,
Бранко Црвенковски, честитајќи му ја изборната победа на Груевски.


–  Благодарност до сите кои денеска излегоа и гласаа и до сите кои ни
ја дадоа поддршката. Ги упатувам моите честитки до господинот Груевски
за изборниот резултат. Битката допрва доаѓа, ако не видовте што можеме да
направивме со 18 пратеници во Собранието, можете да замислите што можеме со над 40,
рече
Црвенковски.

Победата на Груевски му ја честита и кандидатот за премиер од СДСМ, Радмила Шеќеринска.

-И покрај атмосферата која што владееше во Македонија пред и за време на изборите, и стравот кој владееше, јас сепак вечерва ќе честитам на Груевски за нивниот изборен резултат, но таа е пирова победа бидејќи огромен број граѓани покажаа дека бараат промени.-изјави Шеќеринска.

Таа рече дека вистинската битка продолжува во Собранието каде како силна и конструктивна опозиција СДСМ ќе ги брани интересите на народот.

– Големиот број граѓани кои ни дадоа поддршка покажува дека власта нема да може да владее слободно како до сега,  а ние ќе бидеме фактор кој ќе ги брани интересите на државата, рече Шеќеринска.

OhridNews