Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска ќе го одржи XIV конгрес, на кој партијата ќе го избира наследникот на Бранко Црвенковски, кој најави повлекување од лидерската позиција.

Партиските делегати новиот претседател на СДСМ ќе го избираат помеѓу тројца кандидати, откако на ден пред конгресот од трката за лидер се откажа пратеникот Игор Ивановски. Во игра останаа Зоран Заев, Зоран Јовановски и Кире Наумов.

На Конгресот право на глас имаат 750 делегати.

OhridNews