Директорот и надлежните во охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ имаат должност да ги заштитат учениците од партиски злоупотреби, велат од општинската СДСМ. Во дописот до медиумите од ОО на СДСМ додаваат дека недозволиво е ученици преку истакнати летоци да се повикуваат да напуштаат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза.

– Во прилог е летокот кој е објавен и се дели мегу учениците од втората смена. Никој нема право да ги манипулира и злоупотребува ученици за остварување партиски цели. Учениците, но и нивните родители имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден. Злоупотребата на деца и ученици, за лични и партиски цели е кривично и дело и секој кој ќе стори ваков прекршок ќе мора да одговара, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека мнозинството граѓани избраа промени и нова реформска Влада и дека училиштата ќе бидат места каде што децата ќе бидат воспитувани и образувани во духот на заедништвото, еднаквоста и демократските вредности.

OhridNews