Од СДСМ со реакција за посетата на заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски, на општина Дебрца. Како што велат од партијата, наместо најавената трибина со земјоделците, се одржала трибина на која присуствувале сите членови на ОК ВМРО ДПМНЕ Дебарца и неколку членови и симпатизери на актуелната власт.

– За нас останува нејасно дали некој од присутните на заменик министерот му постави прашања кои ги засегаат земјоделците, меѓу кои се прашањата- кога ќе се доисплатат субвенциите за 2012, а кога ќе отпочне исплатата за 2013 година, дали воопшто Владата планира да отвори откупен пункт за земјоделски производи во општина Дебарца, дали и кога земјоделците ќе ги добијат одобрените средства за штетата од градот во јуни 2010 година, одобрени од Владата во декември 2011 година, прашуваат од СДСМ Дебрца.

Од СДСМ Дебрца од заменик министерот бараат одговор и дали воопшто се планира да се одговори по поднесените барања од општината за штетите на земјоделските производи предизвикани од градот во август 2012 и во 2013 година.

OhridNews