Случувањата на последната седница на советот но и актуелните случувања во општината отворија нова вербална војна помеѓу политичките ривали СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.  По реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со продолжението на шестата седница на советот со став денеска се јави СДСМ:

„Општинската организција на СДСМ-Охрид со резигнација ги отфрла како целосно произволни обвинувањата на охридската ВМРО-ДПМНЕ изнесени во едното од двете,  вчера лиферувани, соопштенија и, истовремено, го посочува нивното второ соопштение како пример за нелогичното практикување на политиката за личен рејтинг на  грбот на граѓаните.

СДСМ –Охрид, нејзиното членство и симпатизерите на оваа партија, ги потсетуваат текстописците од ВМРО-ДПМНЕ дека децата во прво одделение знаат оти  звучи  крајно нелогично, дури и смешно, во едно соопштение да се напаѓа Советот на општината за теснопартиски интереси, а со друго соопштение да се изразува  благодарност на истиот тој Совет! Иронијата и нелогичното размислување на ВМРО-ДПМНЕ да бидат поголеми, и двете соопштенија, критиката и благодарноста се  однесуваат на една иста седница и едни исти советници!

Но, на јавноста и’ е јасно дека, кога станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, на нелогичностите и глупостите им нема крај!

Истата јавност, охридска и македонска, сеуште го има во свежо сеќавање тврдењето на владата на ВМРО-ДПМНЕ од крајот на минатата година дека кризата која го  тресе светот, економски и финансиски, нема да се почуствува во Македонија! Истата таа влада и истите тие апологети на невистината и популизмот, сега креваат  раце пред барањата на бизнисмените, стопанствениците и граѓаните за сериозни мерки кои би довеле до надминување на амбисот во кој е втурната државата.

Истата таа влада, наместо да се зафати со решавање на кризата и проблемите на граѓаните им приредуваше преку целата година матинеа со поставување  квази-скулпторски бикови и шмизли по тротоарите, или сечење врпци на објекти и проекти кои не нудат ништо друго од можност за саморекламирање и забава за  партиски кадри и истомисленици на маката на граѓаните.

Оттука, имајки ги предвид сите нелогичноти на ВМРО-ДПМНЕ, ОО на СДСМ –Охрид нема намера да расправа со оние кои бараат алиби за своето неуспешно работење во  китење со туги идеи и заложби, а уште помалку да им помогне  во давањето поводи за да ја дефокусираат јавноста со нивни нелогични соопштенија и памфлети.

Кулминација на глупоста, односно нелогичноста на вмровската политика беше поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Миле Јанакиески за  трагичниот настан во Охрид, а на иницијатива и „аргументите“ на пратеникот Цветко Грозданов.

Охридската јавност и, посебно, директните учесници и очевидци на трагичниот настан не се сеќаваат дека дотичниот пратеник бил на местото на настанот и дека  можел аргументирано да сведочи за истиот.“ – се вели во реакцијата на ОО на СДСМ – Охрид.

Ohridnews