Вечерва салата од Домот на Културата во Белчишта беше претесна да ги прими сите присутни гости на, завршниот митинг на кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од коалицијата „Живот во Македонија”, Зоран Ногачески и кандидатите за Совет во Oпштината.

Кандидатот за Градоначалник Зоран Ногачески, поздравен со бурни овации од преполната сала, се обрати пред присутните.

– Шетајќи овие дваесетина дена по нашата убава Дебрца, од врата на врата го посетивме секој дом. Кога ги прашав каков градоначалник сакаат, граѓаните кажаа дека сакаат градоначалник кој ќе ги прими и сослуша. Затоа тука го давам мојот збор. Општина Дебрца ќе биде отворена и тренспарентна општина за ситe. Градиме една општина за сите. – рече Ногачески.

Тој ги истакна и приоритетите на неговиот тим. – Градиме инфраструктура за сите, Дебрца да биде чиста животна средина! Стоп за регионална депонија во Дебрца. Дебрца е светилиште, а не ѓубралник! Локален економски развој, повеќе пари кај граѓаните, можности за сите. Општина на социјална сигурност – повеќе пари за социјални трансфери. Квалитетно образование за сите. Квалитетни и одржливи комунални услуги. Младите во фокусот на локалните политики. 

Со громогласни и долготрајни аплаузи поздравен беше и пемиерот Зоран Заев, кој истакна – Почитувани граѓани на слободарска Дебрца! Давам збор дека повторно ќе ја вратиме слободата во Дебрца. Давам збор дека идната локална власт, ќе има максимална подршка од Централната Власт. Ќе овозможиме повеќе пари за граѓаните, субвенции за земјоделците, средства за поттик на претприемништвото за младите да ни останат тука. Заедно донесеме нов закон за повисока минимална плата од 12 000 денари, закон за стечајни работници, укинување на екстерното тестирање, враќањето на ефтината тарифа и дека повеќе нема да плаќаат радиодифузна такса. После 15 Октомври Дебрца ќе си ја врати слободата онака како и што и доликува. 

Караванот на СДСМ ќе заврши со митинг во Охрид.

OhridNews