Пред да се критикува и да се фрлаат дрвја и камења по другите народот убаво рекол – човек треба да си гледа што му се случува пред сопствените очи и куќа. Вака охридските социјалдемократи им возрватија на колегите од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, кои ја критикуваа локалната власт дека наводно заспала во снежната бура и го оставила градот неисчистен.
Ја критикуваат локалната власт, градоначалникот Константин Георгиески, Јавното претпријатие Охридски комуналец и останатите а не го исчистиле и ни сопствениот двор во кој ја одржаа денешната средба со новинарите. Факт е фотографијата – таа не лаже. – стои во соопштението на ОО СДСМ Охрид.
Од друга страна Локалната власт предводена од СДСМ постојано и ангажирано работи врз расчистување на снегот, се чистат улиците и тротоарите и приодите во и надвор од градот, се вели во партиската реакција.
За разлика од ВМРО ДПМНЕ ( снег и само стапалки ) пред нашето седиште толку колку што се можеше е расчистено и ќе се чисти. Нашиот партиски подмладок од СДММ синоќа излезе на терен и со топол чај ги згреа вработените во Комуналец кои и на минусни температури работеа и работат низ градот. – се повалија од ОО СДСМ.
OhridNews














