ВМРО ДПМНЕ пред да свика прес и неосновано да критикуваат треба да се соочат со фактот кој јавноста го знаеше – „само тие не“, дека отворениот испуст на Црн Дрим кај Струга беше најавен. Вака владејачката СДСМ одговори на прозивката на опозицијата дека централната и локалната власт не водат грижа за Охридското Езеро, чие ниво деновиве се спушти на сантиметар до законскиот минимум (693,17 мнв).

СДСМ – Охрид преку своите претставници во Парламентот и преку Градоначалникот Константин Георгиески секако континуирано се залагаат за зачувување на природната рамнотежа на Езерото и животната средина воопшто. Дополнително АД Електрани вчера веќе излезе со соопштение во кое се вели: „Краткотрајното испуштање вода од Охридско Езеро е поради чистење наноси во Црн Дрим преку проект на УНДП, велат од СДСМ Охрид.

Партијата истакнува дека во моментов котата на Охридското Езеро се наоѓа на 7см над минималната кота и дека испуштањето на водата е контролирано.

Зголеменото испуштање вода во изминатите дваесетина дена беше преземено во интерес на олеснување на најавените активности за отстранување на повеќе од 10000м3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим. Проектот на чистење е финасиран од УНДП и одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга. На барање на изведувачот на работите , АД ЕСМ како имател на водостопанската дозвола за користење на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, а согласно на тоа и регулатор на истекот, обезбеди максимален истек на вода со што беше овозможено непречено извршување на работите кои се во интерес на целата заедница. Работите успешно завршија, и на 17.09.2020 година, при кота на Охридското Езеро 693.17 м.н.в. заврши понатамошното намалување на нивото. – стои во реакцијата на СДСМ Охрид.

Според СДСМ, пресот на пратеникот Кирил Пецаков е пукање во празно и колку нешто да се сработи и да се покаже активност и го повика заедно со неговиоте колеги пратеници од нивните редови во Парламентот со конструктивни предлози да работа за доброто на Охрид и Езерото.

OhridNews