Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осимничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април, смета  владејачката СДСМ. Оттаму обвинија дека медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ денеска синхронизирано пласирале голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од таквото сценарио.

Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа. Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот. СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка. Нема толеранција за било какво насилство. Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. – истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

СДСМ очекува сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.

OhridNews