
-Затоа, бараме Трајкоски да даде одговор на повеќе неодговорени прашања, како што се: Во кој дел од неговата Изборната програма стои дека планира да ја задолжува општината ? Зошто планира да ја оптовари општината со долгови кои ќе паднат на товар на идните локални власти ? Дали заборави дека општината од претходната локална власт му беше предадена со полна каса и без ниту денар долг ? Дали општината има финансиски капацитети да ги враќа кредитите, ако се знае дека е со лимитирани финансиски перформанси и има проблеми со сервисирањето на тековните обврски? Колку воопшто изнесуваат долговите на општината? – стои во партиската реакција.
Оттаму велат дека СДСМ не е против проекти што значат подобрување на руралната инфраструктура и квалитетот на комуналните услуги, меѓутоа смета дека за истите потребно е да се преферираат други извори на финансирање, пред се грантови од домашни или меѓународни фондови или истите да се финансираат со средства од буџетот на општината.
За да се обезбедат средства од буџетот на општината доволно е да се намалат непродуктивните буџетски трошења, како што се : трошоците за репрезентација, службени патувања, за весници и списанија, службени телефони и гориво, трошоците за изгубени судски постапки и други неоправдани трошења. – се вели меѓу другото во соопштението.
OhridNews
Набавено ново комунално возило за собирање цврст отпад во општина Дебрца











