Единствен резултат преточен во дела на Никола Груевски се криминалот, стотиците илјади спорни гласачи и фантоми во избирачкиот список преку коишто години наназад го крадел слободниот глас на граѓаните. – се вели во реакцијата на опозициската СДСМ на отчетот што владејачката ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ го презентираат денеска во Скопје.

-Вистинскиот отчет на Никола Груевски пред граѓаните доаѓа по демократските промени. Тогаш Никола Груевски ќе треба да даде отчет за извлечените над 5 милијарди евра, пари на граѓаните, надвор од Македонија. За сите криминални зделки и провизии за негово лично богатење и богатењето на фамилијата. Никола Груевски ќе даде отчет за иселените 626.312 граѓани, пред се млади луѓе, коишто поради неговите „дил-ориентед“ политики се иселија од Македонија. Груевски ќе даде очет поради тоашто на криминален начин потроши 630 милиони евра за споменици а во сиромаштија живеат над 500.000 граѓани во земјава. Отчет Груевски ќе даде затоа што неговите расипнички и коруптивни политики затворија над 10.000 фирми. Никола Груевски ќе даде отчет пред граѓаните затоа што ја донесе Македонија на 13-то место по бедотија во светот. – се вели, меѓу другото, во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека овој настан е збогување на Груецски, бидејќи доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори.

OhridNews