Општина Дебрца започна со асфалтирање на пристапниот пат до манастирот „Сите Свети“ во селото Лешани, во пресрет на големата манастирска слава на 7 јуни. Станува збор за нова асфалтна траса во должина од 350 метри, за чија реализација се издвоени 2,4 милиони денари од годишниот општински план за асфалтирање.
На само неколку дена пред 7 јуни и големата слава на манастирот „Сите Свети“ во село Лешани започнавме со асфалтирање на патот кој води до ова наше духовно светилиште, вели градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски. Целта ни беше јасна – градежните работи да бидат во полн ек токму сега, во пресрет на празникот, за да обезбедиме модерен и достоинствен пристап за сите верници кои ќе го посетат манастирот, посочува Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.
Воедно информира дека во годишниот план има опфатено уште 5 пристапни патишта до верски објекти низ Дебрца кои целосно ќе се реализираат оваа година.
Ова е само еден патоказ за тоа како работиме. Она што го ветувам и го реализирам денес во Лешани, е моја обврска за сите села во нашата општина. Ќе се гради насекаде, ќе се работи во секое населено место и сето она што ви го ветив, секојдневно ќе станува реалност, додава Сиљаноски.
OhridNews
















