Во селото Мешеишта во тек се активностите за асфалтирање на неколку улички, во вкупна должина од 280 метри, каде што ќе бидат поставени 820 метри квадратни асфалт.

– По завршување на асфалтирањето во Мешеишта, градежните активности ќе продолжат во селото Ботун каде што ќе бидат асфалтирани две локални улички во селото со вкупна должина од 120 метри. Вкупната вредност на реализираните градежни активности изнесуваат околу 1,5 милиони денари, рече градоначалникот Игор Трајкоски кој денес изврши увид врз градежните активности.

Трајкоски додаде дека ова е само дел од активностите за подобрување на патната инфраструктура во општината, чија реализација ќе продолжи и во нареднот период.

OhridNews