Охрид ќе добие нов Центар за култура со модерна театарска сала, кино и друга пропратна инграструктира. Ова го најави министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при неодамнешната посета на Охрид. Првична идеја на државата е комплексот да се гради по пат на јавно приватно партнертство, што подразбира дека освен културна димензија, овој комплекс би имал и друга намена. OhridNews дознава дека една од идеите е над центарот за култура да има хотел. Министерката Канческа Милеска одговарајќи на новинарско прашање потврди дека постои идеа за јавно приватно партнерство, што значи дека комплексот би имал и други комерцијални содржини.

Доколку нема интерес за јавно приватно партнертство, тогаш ние како држава ќе продолжиме со реализација само на објектот на Центар за култура.-изјави министерката за култура.

Дали ќе се гради и деловен комплекс во склоп на проектот, oстанува на самите архитекти согласно параметрите кои ќе се дадат во конкурсот идодаде Канческа Милеска.  

Самата идеја треба да потекне од архитектите кои треба да се јават на конкурсот. – рече Канческа Милеска.

Таа изрази надеж дека ќе има интерес за конкурсот и очекува добри идејни решенија кои ќе ја запазат охридската архитектура и елаборатот на Завод и Музеј Охрид, бидејќи се работи за заштитено подрачје.

По завршување на конкурсот ние како министерство секогаш организираме изложба на која ќе се презентираат трудовите. Ќе се доделат три награди, ќе има и откуп, се надевам ќе има интерес и добри решенија во насока на избор на најдоброто решение за Центарот за култура во Охрид. – истакна Канческа Милеска.

Според најавите на министерката за култура Конкурсот за идејно решение за изградба на новиот Центар за култура и театар во Охрид ќе биде распишан оваа недела. Таа изрази надеж дека на него ќе се јават што поголем број архитекти со цел да се избере најдоброто решение, додавајќи дека изградбата на новиот Центар за култура и театар во Охрид ќе започне веднаш по изборот на најдоброто идејно решение.

OhridNews