Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Ова го најави министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска во врска со градежните активности на објектот ресторан – дискотека „Парк“ во Охрид.
Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид како и Управата за заштита на културното наследство. – најави министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО Ирена Стефоска.
OhridNews












