Во тек е процедурата за изнаоѓање нови прострии во кои ќе бидат сместени канцелариите на секретаријатот. Капетанијата, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор- се само дел од можните опции кои се разгледуваат како соодветни каде можат да се сместат канцелариите на секретаријатот.
– Процедурата е во тек, имаме поднесено барање до Владата да ни додели на користење еден простор кој е во нејзино владение во Охрид, а кој ќе одговара на нашите потреби, вели Дејан Паноски, раководителот на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро кој функционира во рамки на Министерството за животна средина.