По налог на Секторот за комуналец развој, сообраќај и улици, денеска екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со бележење и дислокација на такси станиците на територијата на општина Охрид.

Како што информираат од општината, процесот на обележување на такси- станиците ќе се одвива паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација.

„Акцијата  започна на улицата “Јане Сандански“ на потегот кај некогашниот  Мини-маркет и на кружниот тек кај  Општата Болница.“ – информираат од општина Охрид.

Оттаму велат дека по завршувањето на овие активности, согласно одлуката на Советот на општина Охрид, ќе се пристапи кон бележење на старите и нови автобуски постојки.

OhridNews