Индексот на индустриското производство во Македонија во октомври 2015 година бележи зголемување од 13,1 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени во петокот.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година бележи опаѓање  на годишно ниво од 6,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 18,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,4 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во октомври во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2 отсто, Капитални производи за 27,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 14,2 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 3,6 отсто.

OhridNews