Во тек е броењето на гласовите од Локалните избори во Охрид. Броењето во Државната изборна комисија оди побавно, но затоа, пак, партиските избирачки штабови постојано ги апдејтираат своите резултати.

Некаде на половина, и според резултатите од ИШ на ВМРОД ПМНЕ, и според СДСМ, во предност е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.

Според ВМРО ДПМНЕ, од досега преброените гласови, Кирил Пецаков има освоено 10060 гласови, Константин Георгиески 8331, Гоце Цветковски 777, додека 790 гласа се неважечки.

Според податоците од штабот на СДСМ, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Пецаков има 7324 гласови, а нивниот кандидат Георгиески 6749, а кандидатот на ТМРО Цветковски 579.

OhridNews