Последните информации говорат дека повеќе од 220 луѓе загинаа, а над 840 се повредени по ударот на цунами на крајбрежните области меѓу индонезиските осторви Суматра и Јава. Цунамито со разрна моќ, кое удри во текот на минатата ноќ, било предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау, која предизвикала лизгање на земјиштето.

Илјадниците луѓе се без покрив над главата, а бројот на изчезнати не е познат. Најтешко е погодена провницијата Бантен, каде загинале најмалку 126 луѓе. Агенцијата за справување со катастрофи упати предупредување до луѓето да го одбегнуваат крајбрежјето поради стравувањата од ново цунами.

Властите соопштија дека повеќе од 100 луѓе загинаа во Пандегланг – популарна туристичка област на островот Јава позната по своите плажи и преубавиот национален парк.

Спасувачите се соочуваат со непристапен терен кој е претрупан со урнатини од објектите, откорнати дрвја, уништени автомобили и смачкани моторцикли, патиштата се непроодни, електичните столбови се на земја. Болниците се преполни, а Црвениот крст бара помош од преживеаните за пријавување на жртвите.

Вулканот Анак Кракатау, чија ерупција го предизвика цунамито, е оддалечен околу 50 километри од плажите на покраината Бантен и веќе долго време е закана за луѓето на копно.